Франција ќе биде домаќин на шестата конференција на Глобалниот Фонд за надополнување

Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија изразија огромна благодарност за одлуката на претседателот Емануел Макрон да биде домаќин на шестата конференција за надополнување на Глобалниот фонд во Франција во 2019 година.

Целта на конференцијата е да се соберат нови фондови и да се мобилизираат партнерите во насока на ставање крај на СИДА, туберкулоза и маларија до 2030 година во согласност со целите за одржлив развој. Конференцијата се одржува еднаш на секои три години и ги повикува лидерите од владите, граѓанското општество, приватниот сектор и заедниците погодени од трите најразвиени заразни болести.


„Како еден од основачите на Глобалниот фонд, Франција покажува одлично лидерство и постојана посветеност на глобалното здравје", рече Питер Сандс, извршен директор на Глобалниот фонд. „Ние сме исклучително благодарни на претседателот Макрон за водечките напори за обнова и проширување на нашето влијание, во корист на милиони луѓе".

Франција е вториот по големина донатор на Глобалниот фонд, кој со повеќе од 4,2 милијарди евра е ангажиран во Глобалниот фонд од 2002 година.Воедно игра пионерска улога во научните истражувања, промовирајќи ги човековите права и служејќи им на луѓето погодени од СИДА, туберкулоза и маларија.

Шестата конференција за надополнување на Глобалниот фонд се очекува да собере средства за периодот од 2020 до 2022 година. Ова е прв пат Франција да биде домаќин на конференција за надополнување на Глобалниот фонд. Со овој чекор Франција покажува дека здравјето е приоритет и на француската развојна политика.

Од своето основање во 2002 година, партнерството на Глобалниот фонд постигнаа инзворедни резултати и спаси повеќе од 22 милиони животи.