Форум театар - СРУШИ ГО ЅИДОТ

Граѓанските организации ХЕРА, Амбрела, КХАМ и Баирска светлина нѐ канат на форум - театарската претстава „Сруши го ѕидот“. Претставата е финансиски поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија и има за цел да поттикне дискусија околу остварувањето на здравствените права од страна на ромската заедница.

Претставата ќе се одигра во Скопје, Виница и Битола. Премиерата ќе се одржи утре (4 април) во Салонот 19,19 во Скопје, по што следат изведбите во НУ Центар за култура во Битола (22 април) и во Домот на културата во Виница (24 април). Сите изведби започнуваат во 19 часот, а влезот е бесплатен.