Естонија, Шведска, Норвешка, Ирска, Велика Британија, се со највисоки стапки на смртност од предозирање во Европа

Естонија, Шведска, Норвешка, Ирска, Велика Британија и понатаму се со највисоки стапки на смртност од предозирање во Европа, според бројките откриени во новата студија за дроги во ЕУ.

Европскиот извештај за дрога 2018 ја рангира Ирска како четврта највисока земја во Европа кога станува збор за смртни случаи со предозирање предизвикани од дрога, заедно со Обединетото Кралство и зад Норвешка, Шведска и Естонија. Студијата ги опфаќа снабдувањето со дрога, користењето и здравствените проблеми, како и политиките и одговорите поврзани со дрога.

Според најновите податоци, над 40 смртни случаи на милион жители биле пријавени во осум земји од северна Европа. Со највисоки стапки од предозирање со дрога се во Естонија (132 на милион), Шведска (88 на милион), Норвешка (81 на милион), Ирска (70 на милион) и Велика Британија (70 на милион).

Стапката на морталитет поради предозирање во Европа во 2016 година се проценува на 21,8 смртни случаи на милион население на возраст од 15 до 64 години.

Стапката кај мажите (34,7 случаи на милион) е речиси четири пати повисока од стапката кај жените (8,9 случаи на милион). Стапките на смртност од предозирање се највисоки на возраст од 35 - 39 години за мажи (54,7 смртни случаи на милион) и на возраст од 40 - 44 години за жени (12,4 смртни случаи на милион). Меѓутоа, возраста на смртта е 39-годишна за мажи и жени.