Експертскиот комитет на СЗО за зависност од дроги (ЕЦДД) одржа специјална сесија за канабис

Експертскиот комитет на СЗО за зависност од дроги (ЕЦДД) одржа специјална сесија за канабис. Зошто е ова важно?

Ова е првпат ЕЦДД на СЗО да ги разгледа супстанците поврзани со канабис, со цел да се разгледа соодветноста на нивното тековно распоредување, во рамките на Меѓународната конвенција за контрола на дрога.

Комитетот, кој се состана од 4-7 јуни 2018 година, спроведе преглед на супстанции поврзани со канабис кои моментално се предмет на меѓународна контрола.
  • Растенија канабис и смола од канабис (хашиш).
  • Екстракти и тинктури на канабис (масла, јадења, течности).
  • Делта-9-тетрахидроканабинол (TХЦ).
  • Изомери на ТХЦ.

ЕЦДД исто така спроведе критички преглед на препаратите кои се сметаат за чист канабидиол (ЦБД), главна компонента на растението.

Пред-преглед е првиот чекор од процесот на оценување на ЕЦДД, каде што се утврдува дали има доволно робусни научни информации за да се продолжи кон следниот чекор, наречен критички преглед. Оваа првична евалуација е исто така можност да се идентификуваат празнините во достапните научни податоци.

Критичкиот осврт се врши кога има доволно научни докази, за да и се овозможи на ЕЦДД да даде информирана препорака, дека супстанцијата може да се стави под меѓународна контрола или ако треба да се смени нивото на контрола.

Супстанциите под контрола се регулирани со Меѓународната конвенција за контрола на дрога, која го ограничува меѓународното производство и трговија на овие супстанции. Исто така секоја земја може да практикува дискреција во тоа како ќе применува контрола во рамките на својата територија. Ова е причината зошто употребата на канабис за медицински цели е легализирана во некои земји, додека не и во други.

Што одлучи ЕЦДД?

1. Има доволно докази за да се продолжи со критички осврт на канабис и супстанции поврзани на следниот состанок на ЕЦДД во ноември 2018 година.

2. ЕЦДД препорача дека препаратите кои се сметаат за чисти канабидиол (ЦБД) да не се ставаат под меѓународна контрола на дрога бидејќи не е пронајдено дека супстанцијата има психоактивни својства и не претставува потенцијал за злоупотреба или зависност.
 
Останува да се чека наредната средба, а дотогаш целиот документ можете да го прочитате ОВДЕ.