Дроги - Политики и практики - февруари, 2015

Дроги - Политики и практики

Тема на бројот - Политики за намалување на штети

С О Д Р Ж И Н А

Воведен збор

Од Мерсисајд до Скопје – приказната за намалувањето на штети од употреба на дроги

Синтагмата намалување на штети, или во меѓународната литература позната како „harm reduction“, се среќава многу одамна. Таа опфаќа пораки, активности и предупредувања како да се намалат штетите од нашето, човековото дејствување. Знаците за ограничување на брзината на возење, предупредувањата за мали предмети во играчките за децата, користењето на лековите, користење на заштитната облека во многу професии итн. се во насока на намалување на можна штета.
Размислувањата и практиките за намалување на штетите од употреба на дроги во светот од минатото, па досега имаа различен развој, но денес сите се базираат на политиките на прагматичност и намалување на штетите не само на намалување на употребата на дрога, туку се фокусираат на намалување на штетите на индивидуално, семејно и на ниво на заедница и на општеството во целина. Овие политики започнуваат да имаат голема примена и да бидат дискутирани од почетокот на заканите за ширење на ХИВ инфекцијата меѓу лицата кои инјектираат дроги. Автор: Христијан Јанкулоски

Искуствата на Мерсисајд пренесени во Македонија

Во септември 2014 година, Шели Ступс (Shelly Stoops) и Тим Килан (Tim Keelan), едни од основоположниците на „Моделот Мерсисајд“, ја посетија Македонија за да ѝ ги пренесат своите знаења и искуства на македонската Полиција за заштита на сексуалните работници/работнички од насилство. Шели Ступс е оперативен менаџер на „Мерсисајд – безбедно место“ (Safe Place Merseyside), кое е дел од Ливерпулскиот систем на јавно здравство (Liverpool Community Health), и е независен советник за сексуално насилство (НССН) врз сексуални работници. Тим Килан е инспектор во Полицијата на Мерсисајд, во Обединетото Кралство, и е одговорен за прашања поврзани со јавна заштита во рамки на Полицијата во Мерсисајд, во Обединетото Кралство. Нивното гостување во Македонија го искористивме за да позборуваме со нив за пионерските почетоци на програмите за намалување на штети во Обединетото Кралство, за поврзаноста на дрогите и сексуалната работа, но најмногу за улогата на институциите, особено на Полицијата, за поддршката на ранливите заедници, во случајов за поддршката на луѓето кои употребуваат дроги и на сексуалните работници. Разговорот го водеше: Воскре Наумоска Илиева

Казнување на прекршителите за дрога, законодавната политика и судската пракса

Нивото на депенализација и/или декриминализација е возможно во рамките на конвенциите за дроги на ООН за прекршоци поврзани со лична употреба како, на пример, поседување или одгледување за лична употреба. Авторка: Наташа Бошкова

Успешен пример за намалување на штети од употреба на дроги во Словенија

„Стигма“ е здружение на граѓани што подолго од дваесет години успешно спроведува програми за намалување на штети од употреба на дрога во Љубљана и во уште седум други градови во Словенија. Авторка: Јулијана Настоска

Прва Национална конференција за политики за дроги „Од закони до јавно здравје“, Скопје, 30.9.2014 година

Според ваквата строга казнена политика, важи констатацијата на Христијан Јанкулоски дека за хуманата и ефективна политика за дроги многу повеќе придонесуваат меѓународните организации отколку националните институции. Авторка: Ана Ашталковска Гајтаноска

Локална стратегија за дроги на Град Скопје – одговор на граѓанска иницијатива

Целта на Локалната стратегија е преку координиран и синхронизиран пристап во локалната заедница да се обезбеди намалување на достапноста на дроги, намалување на бројот на лица кои започнуваат да користат дрога, развивање на здравствени и на социјални сервиси што ќе обезбедат достапен и ефикасен третман и грижа за лицата кои користат дроги, како и намалување на штетите од користењето на дроги. Авторка: Елеонора Панчевска Николовска

Конопот е лек

Сепак, во целиот свет, без разлика на законските регулативи и таму каде што е легално и таму кај што не е, болните на кои денешната медицина не може да им помогне го бараат спасот во конопот, поточно во смолата што се произведува од цветовите. Автор: Филип Достовски

Записи од мојот дневник

Многу размислував и во повеќе наврати ми доаѓаше да ја споделам мојата животна приказна која како тежок камен ја носев врз себе. Долго се двоумев. Веројатно не бев подготвена повторно да се соочам со сето тоа што и од себе го криев. Тајната остана тајна сѐ додека да го прифатам минатото како дел од себе, па се посветив на иднината со сета снага и верба во самата себе. Конечно, кога минатото созреа во мене, одлучив да се отворам и да споделам дел од мене и мојот живот. Токму поради тоа, исполнета со сигурност и стабилност, го отворив својот стар дневник во кој е запишано... Автор: Dreams

Од мој агол

„...а ние како родители можеме, како и за другите нешта, да си велиме дека моето дете нема шанси да го направи тоа, нема да проба дрога...  и, секако, не сме реални...“ Авторка: Наташа Николовска Станковиќ

Кратки вести

Препорачуваме

Публикации на ХОПС за дроги