Донирајте за Фондацијата Андреј Рилков, за поддршка на корисниците на дрога во Москва

На  Фондацијата Андреј Рилков и треба сечија поддршка, за да продолжи со обезбедување на здравствените и човекови права за спасување на животите на корисниците на дрога во неповолна положба на улиците во Москва, Русија.

Епидемијата на ХИВ расте во Русија, особено кај луѓето кои користат дроги. Здравствените власти се спротивставуваат на ефективните програми за превенција во оваа група, како што се намалување на штети. Фондацијата Андреј Рилков е единствената организација која обезбедува услуги за намалување на штетите на корисниците на дрога во Москва. За жал, повеќето домашни и меѓународни донатори повеќе не финансираат превенција на ХИВ во Русија. Како резултат на тоа, Фондацијата Андреј Рилков многу се потпира на приватни донации за да обезбеди здравствени и правни услуги.

Вашите донации ќе помогнат на Фондацијата Андреј Рилков, да одржи стабилна понуда на чисти игли, кондоми, витамини, третмани за рани, тестови за ХИВ и хепатитис, налоксон за да се спречи предозирање, тестови за бременост и хигиенски производи за жени и едукативни материјали за поддршка на околу 2000 корисници на дрога во Москва. Благодарение на донациите тие ќе добијат советување, тестирање, упатување на општински медицински услуги, правна помош и зајакнување, топлина од срце до срце и многу потребна поддршка од нивните врсници.

 Фондацијата Андреј Рилков  верува дека општеството треба да биде во можност да ги заштити своите најранливи членови, како што се корисниците на дрога. Ако владата одбие да помогне, невладините организации треба да помогнат. Нивната работа е насочена кон заштита на ранливите. Фондацијата Андреј Рилков им помага на корисниците на дрога да го заштитат своето здравје, нивното достоинство и човековите права. Им помагаат да се спречи ХИВ и хепатитис, да се избегне предозирање и да се добие третман со лекови. Нивната главна мисија е да им дадат на луѓето надеж и поддршка што им треба толку многу!

ЛИНК до повикот за донации.