Документирање случаи на дискриминација поврзани со дрога во Југоисточна Европа

Oсновните човекови права на маргинализираните групи во Југоисточна Европа се прекршени и маргинализирани и дискриминирани. Стигматизацијата во општеството е силна и вградена во културните модели. DPNSEE, со поддршка на своите организации членки меѓу кои и ХОПС, започнува со истражување за документирање на случаи на дискриминација на корисниците на дрога и поврзаните ранливи и маргинализирани групи. Истражувањето треба да укаже на различните форми на дискриминација и ќе служи како основа за дополнителни активности за заштита на човековите права на засегнатите групи.

Најчестите случаи на дискриминација се поврзани со стигматизација во различни аспекти, односот помеѓу полицијата и судскиот систем (вклучувајќи го и правото на информации во кривичната постапка), заштита на личните податоци, основна и специфичната здравствена заштита, социјална заштита, право на образование, вработување и многу други области од животот што треба да бидат достапни на секое лице.

Прашалникот не е наменет да биде пополнет од страна на корисниците, туку од активистите на организациите, по можност оние кои веќе имаат воспоставено врска со лицата од клучните популации. Пред да се пополни документот со интервјуирање на луѓе, нивната задача е да им ја објаснат целта, процесот и содржината на документот, да им дадат информации за истражувањето. 

Алатката која треба да се користи за истражувањето е достапна за преземање на овој линк.

Доколку ви треба помош во врска со ова прашање, контактирајте ги одговорните лица на office@dpnsee.org.

Рокот за истражувањето е  до 6 јуни 2018 година!