Докторот, кој што ја лекуваше зависноста од хероин со хероин

VICE  направија интервју со Др. Кристиан Платнер, кој сака да охрабри што повеќе медицински специјалисти да користат диаморфин во лекувањето на тешки зависности.
 
Др. Платнер заедно со неговите колеги, лекуваат корисници на дрога со контролирана доза на диаморфин, најчистата форма на хероин. Нивната цел е да им се пружи помош на оние со лица кои се соочуваат со тешка зависност да живеат нормален живот, така што ќе им даваат мала, мониторирана доза од дрогата, надежно дека со тоа истите тие луѓе ќе бидат обесхрабрени да ја набавуваат  дрогата од улицата.
 
Во Германија  постојат десет вакви центри, кои користат диаморфин како форма на лекување, кој може легално да се дава само на лица кои се соочуваат со тешка зависност. Ова се корисници на дрога, постари од 23 години и кои се зависни од хероин во последните 5 години. Пред да може некој да се лекува со овој третман, треба претходно да биде дијагностициран со сериозна физичка или психолошка состојба, и веќе да имале два обиди за лекување на нивната зависност пред да можат да примат добијат диаморфин.




 Во Обединетото Кралство има околу 50 клиники кои имаат дозвола да користат дијаморфин, каде што другите опијати не успеале, но практиката останува ретка.
 
 VICE разговараат со  д-р Платнер, кој смета дека метадон  третман е неефективен и води до високи стапки на рецидивирање.  Тој смета дека хероинот е најдобриот третман за корисниците на дрога од хероин иако многу доктори не се подготвени да го препишат.
 
VICE: Зошто мислите дека опијатите, како што е метадонот, не се ефективни за повеќето пациенти?
 
Кристиан Платнер: Метадонот ги заштитува од физичките кризи од повлекувањето, но само за период од една недела. Реалноста е дека зависноста не е само физичка. Ако корисникот е зависен со децении, и ако веќе се соочил со фактот дека е отфрлен од општеството, тогаш тој нема лесно да се откаже од користењето дрога, бидејќи ќе избегне болка која што ќе трае една недела. Секој еден кој што мисли дека ќе се откаже, не ја разбира зависноста во целост  и не разбира од каде таа потекнува.
 
Кои се главните причини за појавување на зависноста?
 
Кристиан Платнер: Зависноста има тенденција да се задржи кај луѓе кои што имаат дисфункционални животи – начин на живот кој што најчесто вклучува емоционално и физичко насилство, занемарување и долги периоди на повлекување и затварање во себе. Кога таа особа ќе остане без можност за физичко поврзување, како што е семејство – како систем за поддршка или пак работа со која што ќе обезбеди услови за живот, почнуваат да страдаат од чувство на осаменост кое што води кон развивање на зависност. Не секоја траума се претвора во зависност, но скоро секоја зависност е продукт на некоја траума. Некои од нашите пациенти имаат преживеано одвратни работи.
 
Кога поточно одлучивте да преминете од конвенционалните третмани кон чист хероин?
 
Кристиан Платнер: Кога започнавме со оваа практика, наша единствена цел беше да обезбедиме безбедна, чиста околина за луѓето да добијат третман. Но како што минеше времето, забележавме дека многумина од нашите пацинти кои што беа лекувани со метадон, се враќаа повторно на улица за да купат хероин – дури иако подолго време биле чисти. Па така полека сфативме дека имаме потреба да пронајдеме некое алтернативно лекување.
 
Дали тоа значи дека сега вашата цел не е за да ги излечите од дрогата?
 
Кристиан Платнер: За некои од нашите пациенти, комплетно чистење е реална цел. Но за некои, е нереална цел. На тоа мора да гледата вака: зависноста станува проблем кога некој не може да го добие потребниот лек. Дијабетичар има потреба од инсулин, без кој тие евентуално можат да умрат. Која е разликата меѓу тој дијабетичар, и лице кое што инјектира диаморфин? Се разбира, јас сфаќам дека станува збор за различен вид на зависност, но и едната и другата се болест.
 
Која е разликата помеѓу дијаморфин и хероинот кој што се набавува на улица?
 
Кристиан Платнер: Хероинот кој што го купувате на улица е непредвидлив, односно вие немате идеја што има во составот и со колкава јачина е. Во просек, уличниот хероин содржи само 4% хероин. Во зависност, корисниците на улица споделуваат игли ширејќи зарази како ХИВ и Хепатитис Ц.
 
Некои луѓе претпоставуваат дека она што им го даваме на нашите корисници, ги прави да се чувствуаат толку хај и дека тие само лежат во ќошот со часови. Но тој впечаток е погрешен, она чувство на хај од дијаморфинот трае само неколку минути, но ефектот на седација трае и до шест часа. Нашите пациенти го користат за да можат да го поминат денот со помалку страв и повеќе самодоверба. Реалноста е дека ако не им дадеме хероин, тие ќе го набават од некое друго место.
 
Но зошто тогаш постојат само десет вакви центри во Германија, кои што нудат дијаморфин?
 
Постојат бариери за препишување на диаморфин. Скапо е и има многу мерки на претпазливост кои што не треба да се занемарат. Како на пример, местото каде што го чуваме диаморфинот има подебели ѕидови од оние во една банка.
 
Мислите дека психотерапија не би помогнала?
 
Се до 2017, пациентите требало да посетуваат псохолошка терапија и покрај субстициониот третман. Но тоа се прекина кога стана преочигледно дека психотерапијата не помага.
Има неколку искуства и трауми за кои што јас сметам дека не би можеле да се излечат само со терапија. Една од нашите пациентки била продавана како проститутка од страна на нејзината мајка кога таа имала само осум години. Таа цело време ми кажува дека да не бил хероинот таа не би била жива. Сега благодарение на нашиот третман, таа може да си го живее својот живот.
 
Дали мислите дека еден ден хероинот ќе може да се купи во аптеките?
 
Хероинот беше одобрен се до 1920. Една работа во која што сум сигурен е тоа дека ако фармацевстките компании имаа дозвола за да го произведуваат и да го продаваат на пазарот во мали количини, ќе видевме извонредни ефекти, посебно за луѓето кои што се соочуваат со депресија и нарушување на личноста. Продуктот ќе беше навистина чист по состав, за разлика од опасната супстанца која што се продава на улиците.
 
Што би сакале да видите во иднина?
 
Засега, дека би го добиле диаморфинот во нова форма, како на пример во таблети или во вид на спреј. Имаме пациенти кои што имаат уништени вени и не можат да го инјектираат. На долгорочен план, сакам да видам безбедна, контролирана легализација на хероинот. Не смееме да ги лишиме болните луѓе од нивниот лек. Јавен здравствен систем кој што треба да ги вклучи сите луѓе, не само тие чии што болести се општествено прифатени.
 
Извор: VICE