Дискусија со сексуалните работници за Меѓународниот ден на сексуалните работници

Вчера во ХОПС, во Центарот за поддршка на сексуалните работници и нивните семејства, се одбележа Денот на сексуалните работници. На 2-ри јуни, се одбележува Меѓународниот ден на сексуалните работници. На овој ден во 1975 година сексуалните работници ја окупирале црквата Св. Низје во Лион, Франција. Овој историски настан се случува кога над 100 сексуални работници ја окупираат црква во знак на протест против полициското насилство и корупција. Воедно обид да се сврти вниманието за нивните лоши услови за работа.

Центарот го посетија 12 сексуални работници, кои активно дискутираа со Ивана, нашата координаторка на програмите за сескуалните работници, како и Марга нашта правничка, за правата на сескуалните работници, за значењето на овој ден и феминистичкиот манифест за поддршка на правата на сексуалните работнички. Исто така беа презентирани и моделите за сексуална работа и присутните сексуални работници беа мотивирани за поголем активизам. 

На крајот од дискусијата беше промовиран настанот ''Две од оние'' и сите присутни беа мотивирани да присуствуваат на овој настан кој што за нив е од големо значење!