Десетто издание на Дроги - Политики и практики


​​​​​​

Дроги - Политики и практики

Тема на бројот - Дрогите во културата

С О Д Р Ж И Н А

Воведен збор: Дрогите се составен дел од културата

Културата е дрога 


Повратната спрега меѓу културата (најшироко сфатена) и доупот (dope, популарен англиски термин за дрога) им е позната уште на првобитните луѓе. Природата околу нас отсекогаш располагала со изобилство материи кои ја променуваат свеста. Наше било само да посегнеме кон цвеќенцето (билката) на дофат на рака и да дознаеме какво дејство има. Автор: Мирко Попов

Играј безбедно, разговор со Еди Еинбиндер


Во март 2017 година ХОПС – Опции за здрав живот Скопје имаше чест да биде домаќин на проекцијата на документарниот филм Играј безбедно (Play safe), проследена со дискусија на тема намалување на штети од употреба на дроги, предводена од авторот на филмот, Еди Еинбиндер. Тој стои и зад насловот на книгата Како да се забавуваш, а да не умреш (How to Have Fun and Not Die).

Од 2008 година Еди започнува со презентирање на стратегиите за намалување на штети и заштита од предозирање со дроги во повеќе од 200 институции и на конференции низ целиот свет. Тој држи предавања на врвни универзитети, во средните училишта, пред бездомници, во младински клиники.  Разговорот го водеше: Ирена Јовановска

Таканаречена психоделична ренесанса

Повторно актуелизираните научни истражувања на класичните ПАС, како и сѐ поголемото присуство во многуте влијателни светски медиуми создадоа простор за менување на досегашните забранувачки политики во поглед на истражувањето на дрогите и нивниот медицински потенцијал. Автор: Давор Смиланов

Модерната култура на канабисот во Амстердам
и првите кофишопови

Наскоро политичарите и правниците почнуваат да тврдат дека канабисот треба да биде декриминализиран или дури и целосно да се легализира. Луѓето кои употребувале канабис стекнале особини на посебна супкултура. Авторка: Ирена Јовановска

Жолта и шопска


Иако замаеноста од алкохол е веќе забележлива, сите добро се држат. А и девојкиве добро поднесуваат алкохол. Сепак, веќе чувствуваш дека ја поминуваш границата. Автор: Вања Димитриевски

Истакнати личности: Артур Хефтер, Алберт Хофман, Александар Шулгин, Теренс Меккена 


Подготвува: Давор Смиланов

Декриминализација сега


Наместо ваквите податоци да бидат аларм за државниот апарат дека нешто треба сериозно да се менува, извршните власти погрешно, со заострување на казнената политика безуспешно се обидуваат да го таргетираат проблемот. Автор: Јанаки Митровски

Апологија на „наркоманијата“


Во конзервативно општество какво што е нашево, наркоманијата (консумирањето дрoга) јас ја врзувам со прогресивен чекор на непослушност кон постојниот систем на вредности и правно-легислативен норматив. Но, не само тоа, тоа е отпор кон сите архетипи на доминација кои уште од најмали нозе ни стојат над глава како сатар, а воедно нѐ дисциплинираат во однос на сите перспективи кои се погрешни според доминацијата. Автор: Мариглен Демири

Ана Вернова (Од стихозбирката „Печатот на вистината“)

Автор: Игор Поп Трајков

Препорачуваме:
 Учењето на Дон Хуан од Карлос Кастанеда; Дорс во режија на Оливер Стоун

Подготвува: Ирена Јовановска

Кратки вести