Декриминализација сега!

Здружението Млади Европски Федералисти Македонија (ЏЕФ Македонија) и Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ на 30 јуни во „Кино Култура“ организираат панел-дискусија „Декриминализација сега“.

Дискусијата има за цел да поттикне дебата за потребата од декриминализација на употребата на канабис во Република Македонија. На панел-дискусијата се најавени Маја Морачанин, пратеничка на Демократската Обнова на Македонија, потоа Јулиана Николова, пратеничка на Либерално Демократската Партија, Дамјан Божиновски од Левица, Наташа Бошкова од ХОПС и Коалиција Маргини и Јанаки Митровски, адвокат и член на „Билка“.

Панел дискусијата ќе се одржи на 30.06.2018 во просториите на Кино Култура со почеток од 13:00 часот.