Членови на националната комисија за ХИВ во посета на ХОПС


Во контекстот на националното стратешко планирање за ХИВ 2017-2021, Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка на ХИВ организира еднодневна посета на дел од сервисите за ХИВ кои граѓанските организации ги спроведуваат во рамки на проектот „Одржување на ниска преваленца на ХИВ во Македонија“ на Министерството за здравство, а поддржан од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.

На 16 мај 2017 во 10:00 часот членови на националната комисија за ХИВ ќе ги посетат стационарните центри на ХОПС и ЕГАЛ лоцирани во Скопје. 

Во рамки на овие посети претстставници на националната комисија за ХИВ ќе се запознаат со услугите кои ги нудиме како организација. Членовите на комисијата ќе направат преглед на постигнувањата, процесите на давање на услугите, внатрешните протоколи и процедури и ќе се води кратка дискусија.