Четврто издание на Дроги - Политики и практики

Дроги - Политики и практики

Тема на бројот - Одржливост на програмите за намалување на штети

С О Д Р Ж И Н А

Воведен збор

Во очекување на институционалниот одговор

Во недостаток на потемелни информации за буџетските расходи останува да се претпостави дека Министерството за здравство ќе најде начин да ги обезбеди финансиските средства што сега ги добива како донација од Глобалниот фонд за борба против СИДА, тубекулоза и маларија. Со тоа програмите за намалување на штети би продолжиле да се финансираат во рамките на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА. Автор: Вања Димитриевски

КАКО ПОЛИЦИЈАТА ГО ЗАШТИТУВА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ СОРАБОТУВАЈЌИ СО ПРОГРАМИТЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ШТЕТИ?

„Мрежата за спроведување на законите и ХИВ“ (МСЗХ) (Law Enforcement and HIV Network (LEAH)) ги поврзува луѓето кои се занимаваат со превенција на ХИВ, особено оние кои работат во органите за спроведување на законите и во јавното здравство. МСЗХ тежнее кон создавање на одржливо глобално партнерство за поддршка на ранливите групи/заедници како што се луѓето кои употребуваат дроги, сексуалните работници/-чки, затворениците, мигрантите и мажите кои имаат секс со мажи. Преку своето дејствување, МСЗХ ја потенцира улогата на полицијата во заштитата на јавното здравје како што се: употребата на дроги, менталното здравје, семејното насилство и слично. Разговорот го водеше: Влатко Деков

Иднината на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија

Во овој момент, континуитетот на овие програми е неизвесен поради необезбедената финансиска поддршка по завршувањето на проектот поддржан од Глобалниот фонд. Затоа оваа година ХОПС направи анализа на програмите за намалување на штети со цел да даде придонес во изнаоѓањето на начини за континуирано финансирање на програмите за намалување на штети и нивна одржливост преку предлагање на два модела за нивно продолжување – минимален модел со минимален број на услуги и минимални финансиски средства и оптимален модел со оптимален број на услуги и во согласност со нив оптимални финансиски средства. Автор: Влатко Деков

Финасирање на програмите за намалување на штети во Хрватска

Во периодот од 18 до 22 мај, здруженијата на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување организираа студиска посета во Република Хрватска, чија цел беше да се стекнат информации и знаење за механизмот на финансирање на програмите за превенција на ХИВ/СИДА. Учесници на посетата беа претставници од клучните институции и министерства што се надлежни за ова прашање во Македонија кои ги посетија клучните институции и министерства што финансираат програми за превенција и за третман на ХИВ/СИДА во Република Хрватска. Автор: Влатко Деков

Ден во ХОПС

Скопје. Главен град на Македонија. Некогаш прокламиран како град на солидарноста – денес се дави во себичноста на граѓаните кои заборавија дека целиот свет вложуваше за да се крене од пепелта. Но, под ова небо врзано со жица сè уште блескаат зраци светлина што му се спротивставуваат на заборавот и ја поттикнуваат солидарноста. И меѓу нив – луѓе кои со својот труд придонесуваат за хуман третман на луѓето кои употребуваат дроги. Приказна која ветува посветла иднина за сите. Автор: Д-р Ешко

Формално и неформално образование за работа со маргинализирани заедници

Школата за зависности од дроги нуди единствена прилика за мултидисциплинарен пристап за учење на зависноста, пристап што ги зема предвид социјалните, медицинските, психолошките, но и прашањата за политики за дроги. Автор: Аница Димовска

Нови психоактивни супстанции (НПС) и нивни несакани дејства, состојбите во Македонија и во Словенија

Последниве години во светот, а исто така и во Македонија и во Словенија, се појавуваат различни нови психоактивни супстанции (НПС) што ги среќаваме под различни имиња. Најчесто користени имиња за овие супстанции се: дизајнерски дроги (designer drugs), дозволени дроги (legal highs), растителни дроги (herbal highs), експериментални супстанции (research chemicals), соли за капење (bath salts), растително ѓубриво (plant food) и други. Овие супстанции обично имаат ознака дека не се дозволени за употреба кај луѓето („not for human consumption“). Се работи за синтетички и за растителни супстанции што најчесто се продаваат преку интернет или во продавници, што се нарекуваат „smart shops“ или „head shops“. Тие супстанции не се заштитени во склад со меѓународното законодавство. Автори: Лилјана Игњатова, Андреј Кастелиц, Нуша Шегрец, Билјана Стојческа.

Трета смена

Третата смена за намалување на штети е фокусирана токму на поддршка за скриената популација на корисници на дроги. Нејзина цел е остварување на контакти со нови клиенти на кои им се овозможуваат сите услуги од Програмата за намалување на штети на ХОПС. Автор: Дарко Велески

 

Кратки вести

Препорачуваме

Најнови публикации