CDC сега официјално се согласува дека луѓето со ХИВ не можат сексуално да го пренесат вирусот ако нивната вирусната оптовареност не може да се открие


Клиничките испитувања во текот на годините покажаа дека ХИВ-позитивните лица на антиретровирусна терапија (АРТ) со невидливо вирусно оптоварување не можат сексуално да го пренесат вирусот на ХИВ-негативно лице. Овој важен резултат беше објавен во јули на Деветтата меѓународна конференција за сида и сега е официјална политика на Центрите за контрола на болести и превенција (CDC).

Стотици медицински професионалци и организации се посветени на истражувања поврзани со невидлив = нетрансмитабилен (U = U) залог. Прифаќањето на ова од страна CDC е фантастичен чекор напред и ќе помогне во предизвикувањето на стигмата за ХИВ-позитивните луѓе, со која истите се соочуваат денес.


Во три различни студии, вклучително и илјадници двојки и многу илјадници акти на секс без кондом или профилакса од пред-изложеност (PrEP), не беа забележани ХИВ-преноси на ХИВ-негативниот партнер кога ХИВ-позитивното лице беше потиснато. Ова значи дека луѓето кои секојдневно земаат АРТ и секојдневно го постигнуваат и одржуваат невидливото вирусно оптоварување, немаат ризик од сексуално пренесување на вирусот на ХИВ-негативен партнер. CDC изјави дека сепак институциите и незнаењето сé уште ги спречуваат луѓето да добијат грижа и третман кој им е потребен. Тие забележаа пречки со кои многумина мора да се соочат за да добијат пристап до АРТ, како причина: несоодветни здравствени системи, сиромаштија, расизам, хомофобија, бифобија, трансфобија и криминализација.

АРТ се ослободува од било кој активен реплицирачки ХИВ, но можно е ХИВ да биде латентен и скриен. Затоа АРТ е континуиран третман, а не еднократен. Неодамнешните откритија сугерираат начин целосно да го искоренат вирусот, но сѐ уште е многу рано.

Сега повеќе од кога било важно е да се запамети дека ХИВ е болест која се контролира. Поголемиот дел од борбата со ХИВ позитивните лица доаѓа од тоа што се стигматизирани поради заблудите на другите луѓе. Важно е да да си инфромиран и да го поддржиш  истражувањето и да се бориш против незнаењето што нé опкружуван за ХИВ. Сé повеќе и повеќе јавни тела ја признаваат и поддржуваат пораката U = U (#uequalsu on social media), давајќи му поголем кредибилитет. Наука не стигма!

Извор: http://www.iflscience.com