Биткоински филантроп плаќа милиони за истражувања поврзани со МДМА и Посттрауматско стресно нарушување

Моли, екстази, МДМА како и да ја нарекуваме, оваа засега нелегалната психоделична дрога, е еден чекор поблизу да стане легално регулиран третман за Посттрауматско стресно нарушување (ПТСН), благодарение на субвенцијата од 4 милиони долари од Pineapple Фонд.

Во поголем обем, Фондот Pineapple создаде нова форма на филантропија со криптовалентност. Организацијата е отворена во декември од страна на анонимен донатор кој оди по прекарот "PINE" и тврди дека е меѓу 250 најголеми носители на Биткоин во светот. Фондот има за цел да отстапи Биткоин од 86 милиони долари, веќе има дадено Биткоин во вредност од 20 милиони долари на 13 организации, вклучувајќи и донации од милиони долари за проект за вода, кој обезбедува чиста вода за луѓето во субсахарска Африка и Фондацијата Електронска граница, дигитална заштита на правата. 

Донацијата ќе биде од корист на Мултидисциплинарната асоцијација за психоделични студии, или МАПС, непрофитна истражувачка организација која ќе ги користи парите за својата трета фаза од клиничките испитувања на психотерапијата со помош на MDMA. Втората фаза испитувања беа спроведени во САД, Канада, Израел и Швајцарија.

Фондот Pine наредната донација од 4 милиони долари за МАПС ќе ја направи до 10 март. Ова следи по одделната донација од 1 милион долари од Pine во декември 2017 година.

„Рецепт со МДМА може да биде подарок за овој свет од Bitcoin заедница", - Pineapple Фонд. „Ова е скалабилна и финансиски одржлива структура која може да започне ренесанса во истражувањето на терапевтските апликации на многу различни психоделици".

Фаза три од испитувањата на МАПС ќе чини околу 25 милиони долари. Доколку успее, третманот со МДМА може да биде одобрен уште во 2021 година. Дрогата е назначена како пробив терапија од страна на ФДА минатата година, разликата од другите лекови е што таа треба да се зема неколку пати, наспроти други лекови, како Золофт и Паксил, кои мора да се земаат континуирано, според МАПС.

„Многу субјекти известија за длабоко значајни терапевтски искуства и за подобрување на нивниот живот", пишуваат истражувачите во оригиналната пилот студија.

Извор:www.armytimes.com