Алкохол - психоактивна супстанца

АЛКОХОЛ - активна состојка етанол се наоѓа во форма на алкохолни пијалоци (пиво, вино и жестоки пијалоци - ракија, водка, џин, виски). Според дејството алкохолот спаѓа во група на така наречени депресантни - супстанци кои ја забавуваат стимулација на ЦНС, карактеризирана со депресија на менталните и физички функции. Алкохолот во почеток подига расположение и создава еуфорија, а во повисоки дози делува, депресивно врз ЦНС, го успорува мисловниот процес и реакции, доведува до поспаност, гадење и повраќање, губиток на свест,  смрт доколку се предозира.
 
Алкохол е најчесто употребувана рекреативна дрога во светот. Пивото е трет најчесто употребуван пијалок во светот после водата и чајот. Според штетноста алкохолот се споменува како една од најштетните ПАС во светот после хероинот и крекот. Алкохолот е број еден предизвикувач на несреќни случаи (собраќајни незгоди, повреди на работно место, агресивно однесување – тепачки, семејно насилство и сл.).


 Алкохол создава навика на користење и има висок потенцијал да создаде зависност на самиот врв заедно со никотинот и хероинот. Етил алкохол е класифициран како тератоген. Постојат бројни опишани случаи и студии кои ја потврдуваат можната појава на фетални абнормалности кај жени кои за време на бременоста користеле  алкохол. Етанолот е класифициран во група 1 карциногени суспстанци, поради докажното канцерогено дејство на главниот метаболит на етанолот - Ацеталдехид кој се создава во човековото тело.
 
Покрај бројните евидетирани штетни последици и високиот потенцијал за создавање зависност алкохолот е легална и лесно достапна психоактивна супстанца.
 
СОВЕТИ:
Еден од најбитните совети за намалување на штети од користењето на алкохолот е препораката да не се управува со моторно возило при дејство на алкохол.
 

Внимателно со количините и честотата на користење !!!