Активности во Дневниот Центар за поддршка на сексуалните работници и нивните семејства


Оваа недела во рамките на Дневниот Центар за поддршка на сексуалните работници и нивните семејства, се одблежа денот за борба против семејното насилство. На клиентите кои го посетија центарот низ игри на улоги  им беа прикажани типични примери за семејно насилство каде што клиентите покажаа интерес, споделија свои искуства и активно учествуваа во дискусијата. На крај им беше презентиран  кругот на семејното насислтво. Целта на овие активности беше клиентите да го препознаат семејното насилство и да се мотивираат за пријавување на вакви случаеви.

Секоја жртвата има право на помош, поддршка и заштита од семејно насилство како и  да биде информирана од службените лица за своите права, мерките за заштита и постапките за остварување на истите, како и за достапните услуги за помош и заштита


Воедно оваа недела се одбележа и Меѓународниот ден за борба против ХИВ/СИДА. Се дискутираше за начините на пренесување и заштита од ХИВ, се демонстрираше правилна употреба на кондом и се реализираа едукативни игри за препознавање на ризиците кои можат да доведат до заразување од ХИВ вирусот. 

Исто така ги коментиравме и статистиките на  Институтот за Jавно Здравје на Република Македонија кои велат дека до 30. 11. 2017 година пристигнати се и обработени 39 пријави за ново регистрирани случаи на ХИВ/СИДА. Заклучно со 1 декември 2017:

- 4 лица се заболени од СИДА,
- 35 лица се ХИВ позитивни.
  Во 2017 година не се регистрирани  смртни исходи на лица заболени од СИДА.

Во периодот 1987 – 2017 (заклучно со 1 декември 2017) година вкупно се регистрирани 354 лица кои живеат со ХИВ/СИДА. Дистрибуцијата по пол на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА покажува дека од вкупно 354 лица лица кои живеат со ХИВ/СИДА, 301 лица се од машки пола 53 лица се од женски пол. Во РМ има вкупно 184 лица кои се болни од СИДА и 170 лица кои се ХИВ позитивни, или вкупно 261 лица кои живеат со ХИВ/СИДА (за 10 лица нивниот статус е непознат).