75 години од првото ЛСД патување

На 19 април 1943 година, точно во 16 и 20 часот, Алберт Хофман (37), швајцарски хемичар кој работел во фармацевтската компанија Сандоз во Базел (сега Новартис), бил првиот што намерно ингестирал 250 микрограми Lysergic Acid Diethylamide-25 (ЛСД), хемиско соединение кое за првпат е синтетизирано во 1938 година од паразитски габички- ергот. Со овој авто-експеримент, Хофман сакал да ги потврди и истражи "чудните сензации" што ги почувствувал три дена претходно, кога случајно апсорбирал неколку капки од хемикалијата преку неговите прсти. 

„Го прашав мојот лаборантски асистент, кој беше информиран за авто-експериментот,  да ме придружува до дома.“- Хофман ги опишува своите искуства во своите мемоари за ЛСД, My Problem Child (1979). Тој ги опишува ефектите од првото патување во светот на ЛСД, каде забележал дека "се чувствувал потопен во бесконечен тек на прекрасни слики, неверојатни форми со интензивна калеидоскопска игра на бои". Дури и со некои моменти на вознемиреност, тоа дефинитивно било надвор од обично искуство, што го убедило да го посвети остатокот од својот живот на ЛСД истражување и култура. Неговото прво искуство со ЛСД, ги отвори вратите на перцепција во човечката историја кон новото поле на психоделичната наука. 

Во следните 15 години истражувачите ширум светот објавиле над илјада студии за третман на нарушувања како што се шизофренија, аутизам, депресија и алкохолизам, со генерално позитивни, дури и оптимистички наоди. Овие истражувања биле нагло прекинати во средината на 1960-тите, во голема мера поради пошироката потрошувачка на ЛСД кај помладата популација по когнитивните експерименти на Тимоти Лири на Харвард. Одредени ексцеси од американската контракултура и тековната кампања за дезинформација довеле до строга забрана на ЛСД за лични и научни цели. Во Законот за контролирани супстанции од 1971 година, ЛСД е наведен како наркотичен опис на Прилог I (дефиниран како "нема прифатена медицинска употреба" и "висок потенцијал за злоупотреба"), заедно со хероин и канабис. 

За среќа, во последно време се преработени експериментите од пред 50 години. Истражувачите направија успешни клинички тестови со МДМА и псилоцибин за третман на Посттрауматичен синдром, депресија и зависности, додека првите модерни скенирања на луѓе кои биле на висока доза на психоделици, на научниците им дало увид на нервната основа и ефектот на психоделиците. Заклучокот е дека имаат големо влијане врз уметничкото, креативното и личното изразување, воедно се причина за проширување на интердисциплинарните студии во новите области на проширување на свеста и поврзување со умот. Благодарејќи на овие истражувања се случува повторна психоделична ренесанса.