2-ри јуни Меѓународен ден на сексуалните работници

На 2-ри јуни, се одбележа Меѓународниот ден на сексуалните работници. На овој ден во 1975 година сексуалните работници ја окупирале црквата Св. Низје во Лион, Франција. Овој историски настан се случува кога над 100 сексуални работници ја окупираат црква во знак на протест против полициското насилство и корупција. Воедно обид да се сврти вниманието за нивните лоши услови за работа.

Овој ден се смета за симболичен, како раѓање на движењето на правата на сексуалните работници. На 10 јуни во 5 часот во црквата било извршено рација и  била “исчистена“ од страна на полициските сили.  2-ри јуни се прославува, како почетокот на движењето за правата на сексуалните работници. Сексуалните работници и нивните сојузници во целиот свет го одбележаа овој ден со многу различни настани.
Настаните можете да ги најдете тука.

SWAN, со обединување на членовите во Централна и Источна Европа и Централна Азија, се стреми да создаде општество каде сексуалната работа е декриминализирана, каде сексуалните работници можат да работат и да живеат без стигма, насилство и дискриминација. Како и секоја година, SWAN  повикува:

  • Стави крај на насилството врз сексуалните работници!
  • Декриминализација на сексуалната работа!
  • Вклучување на сексуалните работници во донесувањето на одлуки кои влијаат на нивните животи и работа!