Лора Фер

​Лора Фер - активистка, жена, борец, инспирација. Толку многу можеме да кажеме за тебе (или можеби , премалку зборови за сета големина што беше). Твојата енергија и љубов беше мотивација за сите нас. Твојата храброст, посветеност и гласност во борбата за правата на сексуалните работници/чки, геј и трансродни лица, за сите различни, отфрлени, непризнаени остави печат и пример засекогаш. Со тебе започнавме многу заеднички борби : Првиот Марш на црвените чадори, првите јавни проговорувања за реалноста на сексуалните работници/чки, првите чекори и придвижувања на заедницата кон самоорганизирање и поддршка.  Сѐ што работеше беше со посебна посвета и енергија. Се даваше себе си. Беше и ќе останеш инспирација. Беше и остана своја. Почивај во мир Лора.