Формирање на интерпартиска парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето

Kонститутивна седница на Интерпартиската парламентарна група која ќе работи на унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето беше одржана денес во Собранието на Република Македонија. На настанот беа присутни пратеници, амбасадори и претставници на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

11-та Конференција на Македонското здружение на Токсиколози

Од денес до 25 февруари во Дојран се одржува 11-та Конференција на Македонското здружение на Токсиколози со меѓународно учество. На самата конференција учествува и извршниот директор на ХОПС, Христијан Јанкулоски кој ќе говори за „Важноста на програмите за намалување на штети во Македонија“.

Христијан  учесниците на конференцијата ќе ги запознае со програмите за намалување на штети во Македонија, каде постојат 17 програми за намалување штети од употреба на дроги во речиси сите поголеми градови. 

Во 1996 година, во Република Македонија е отворена првата програма за намалување штети (со размена на прибор за инјектирање) и ХИВ превенција меѓу луѓето кои користат дроги. Со поддршката на Глобалниот фонд, од 2004 година се отворија вкупно 17 вакви програми во 14 градови и тие се оценуваат како едни од најдобрите во Централна и во Источна Европа, како и во Централна Азија. Благодарение на овие програми, во последниве десет години, во Македонија се евидентирани само два нови случаи на ХИВ, заразени преку инјектирање дроги.

Не се жртви!

„Доаѓам од сосема конзервативна религиозна основа. Се сеќавам, како млада девојка, чувствував вознемирено и тажно кога одев низ Црвената улица во Амстердам, сакајќи еден ден сите овие жени да бидат "слободни". Не, никогаш не можев да се видам зад тие прозорци. Врз основа на моите лични идеи и чувства, претпоставував дека сексуалната работа не е работа што некој ќе одлучи да направи. Јас замислував дека повеќето луѓе кои работат во секс индустријата мора да се принудени некако. Научив дека моите претпоставки не се секогаш во право.“- Венделин Волбехр

Венделин Волбехр својата магистерска тема ја посветила на „Сексуални работници против трговијата со луѓе. Стратегии и предизвици на организациите предводени од сексуалните работници во борбата против трговијата со луѓе "

За време на истражувањето Венделин интервјуира активисти, сексуални работници од дванаесет организации, за нивното разбирање и одговор на трговијата со луѓе. Од приказните што ги слушнала сфаќа дека сексуалните работници честопати се далеку од немоќни. И дека сите тие всушност веќе преземаат активности за да влијаат на дебатата и на практиките  околу спречувањето и решавањето на случаите на трговија со луѓе во сексуалната работа.

Втора научна трибина посветена на употребата на канабисот во медицински цели во Република Македонија

Здружението за канабис и зелени политики „БИЛКА“ ја организира втората научна трибина „Употреба на канабис во медицински цели во Република Македонија. За разлика од првата трибина, посочуваат од Здружението, оваа трибина е од медицински карактер и на неа во својство на предавачи ќе земат учество: проф. д-р Арбен Таравари, специјалист невролог и виш научен соработник при Клиниката за неврологија, доц. д-р Аспазија Софијанова, специјалист педијатар и професор при Медицински факултет, д-р спец. Нико Беќаровски, специјалист токсиколог и виш научен соработник при Клиниката за токсикологија, д-р Дарко Костовски, специјалист психијатар при ГОБ 8-ми Септември, ас. д-р Филип Гучев, специјалист ревматолог, и д-р Игор Стојковски, специјалист онколог.

Трибината ќе се одржи на 7.3.2018 година, во „Кино Култура“, од 13:00 до 15:30 часот. Модератор на научната расправа ќе биде Ивана Драгшиќ, долгогодишен активист за легализација на канабис, а воведен говор ќе одржи коосновачот на Здружението и реномиран новинар Огнен Jанески.

Кампања - „Луѓето кои користат дрога се битни“

По повод Светскиот ден на социјалната правда, денес на 20 февруари, организацијата Diogenis – Drug Policy Dialogue, започна кампања за подигање на свеста наречена „Луѓето кои користат дрога се битни". Кампањата ќе се одвива цела 2018 година и ќе се потенцира во избрани меѓународни/светски денови поврзани со човекови права и маргинализирани заедници. 

Во 2007 година, Генералното собрание на ОН, го прогласи 20-ти февруари како Светски ден за социјална правда, повикувајќи ги државите да ги поддржат напорите за искоренување на сиромаштијата, промоција на целосна вработеност и пристојна работа, родова еднаквости пристап до социјална благосостојба и правда за сите, со цел да се промовира развојот и човечкото достоинство.

Медицинските експерти повикуваат на глобална декриминализација на дрогите

Меѓународната комисија на медицински експерти, повикува на глобална декриминализација на дрогите, тврдејќи дека сегашните политики доведуваат до насилство, смрт и ширење на болести, наштетување на здравјето и човековите права. Инаку комисијата се состои од лекари, научници и експерти за здравство и човекови права од целиот свет. 

Комисијата, формирана од медицинското списание Лансет и Универзитетот Џон Хопкинс во Соединетите Американски Држави, утврди дека строгите закони за дроги предизвикаат мизерија, не ја спречуваат употребата на дрога, поттикнуваат насилен криминал и шират епидемии на ХИВ и хепатитис Ц преку небезбедно инјектирање.

Лице кое живее со ХИВ и има недетектабилно вирусно оптоварување не може да ја пренесе инфекцијата

Вториот обединет суд на Атина едногласно донесе историска одлука, со која за прв пат категорично се усвојува пораката на научната заедница дека лице кое живее со ХИВ и има недетектабилно вирусно оптоварување не може да ја пренесе инфекцијата.    
 
Поточно, откако на 10.11.2017 завршил процесот на сослушување, Судот го прогласи за невино лице обвинето од страна на партнерката, со која имал повремени сексуални односи, на основа дека истиот се обидувал да ја зарази со ХИВ преку наводен незаштитен сексуален однос. Исто така, Судот како некомпромитирачки елемент ја прифатил одлуката на обвинетиот да не го открива ХИВ-позитивниот статус на повремената сексуална партнерка, со оглед на тоа што од клучно значење за неговото ослободување или прогласување за виновен е фактот дека тој ги презел неопходните мерки на претпазливост и третман со цел да не го подложи на ризик лицето со кое има сексуални односи.       

Бидете дел од новото истражување на Глобалната мрежа на луѓе кои живеат со ХИВ

Глобалната мрежа на луѓе што живеат со ХИВ (ГНП +) започна глобална анкета за подобрување на своето стратешко планирање 2018-2022. Тие сакаат да слушнат од луѓето што живеат со ХИВ ширум светот за ситуацијата во различни земји, вклучувајќи прашањата поврзани со пристапот до третман, непотребни акции, дискриминација во здравствени услови, апсења поврзани со кондоми и дистрибуција на шприцови или имање секс додека се ХИВ позитивни.

Сексуалните работници кои живеат со ХИВ особено се охрабруваат да учествуваат во истражувањето кое е достапно на англиски, француски, руски и шпански и треба околу 15 минути.

Истражувањето е достапно овде.

Украина ја проширува опиоидната супституциона терапија

Украина обезбеди бесплатна ОСТ (oпиоидна супституциона терапија) за околу 8.000 луѓе од почетокот на 2017 година, а сега властите го направија третманот достапен за уште повеќе луѓе. Од оваа година, Украина целосно ja финансира ОСТ за повеќе од 10.000 пациенти во 178 здравствени установи низ целата земја.  

Oпиоидна супституциона терапија вклучува луѓе кои користат нелегални опиоиди, како хероин, каде им се обезбедуваат пропишани опиоидни лекови, како што се метадон или бупренорфин, кои ги земаат во контролирани клинички услови. OСТ е метод за намалување на штети од дроги. Поради стерилната и клиничката природа на опиоидните одредби, ОСТ го намалува ризикот од предозирање кај луѓето и го намалува преносот на заразни болести, како што се Хепатитис Ц и ХИВ. 

ТБ вакцина која нуди подобра заштита

Научниците откриваат дека новата вакцина против туберкулоза (ТБ), направена користејќи ослабен вид на обичен вирус на херпес, се покажала како многу ефикасна кај резус мајмуните и сега се движи кон тестирање кај луѓето. Новата вакцина против ТБ ја намалила севкупната болест за 68 проценти кај вакцинираните мајмуни. Околу 41 отсто од вакцинираните мајмуни биле целосно заштитени од ТБ, додека 30 отсто имале помалку тешка болест од невакцинираните мајмуни, а 30 отсто не покажале корист од вакцината. Ова ниво на заштита никогаш не било забележано во резус макаки со стандардна вакцина против ТБ.

„Повеќе од 1,7 милиони луѓе, секоја година умираат на глобално ниво од туберкулоза и пораст на видови кои се отпорни на третман со лекови. Потребен ни е подобар начин да се спречи оваа болест", рече главниот истражувач на студијата, Луис Пикер, кој е вонреден директор на Институтот за вакцина и генетска терапија на OHSU и професор по патологија и молекуларна микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет OHSU.

Pages