Министерот за здравство Таравари одржа средба со претставници на Платформата за ХИВ

Христијан Јанкулоски од ХОПС, Елизабета Божиновска од Хера и претставник од Заедно посилни, остварија средба со новиот министер за здравство господинот Арбен Таравари. Тие го запознаа министерот за здравство со ситуацијата на програмите за намалување на штети, за нивната голема улога во одржување на ниска преваленца од ХИВ и туберколоза и од потребата за итно решение за одржливоста на програмите за намалување на штети. Центрите каде се нудат сервисите за поддршка на сексуалните работници, лицата што инјектираат дроги, лицата што живеат со ХИВ и останатите маргинализирани заедници од наредниот месец се во ризик од затворање. Претставниците со министерот разговараа за тоа што треба итно да се направи за да не се стави клуч на овие сервиси, и како долгорочно во иднина да се обезбеди стабилно финансирање. 

Медицинска употреба на коноп во Македонија

На 08 јуни 2017 година, Здружението ХОПС - Опции за здрав живот Скопје организираше стручна тркалезна маса на тема „Медицинска употреба на коноп во Македонија“. На тркалезната маса учествуваа лекари од медицински гранки засегнати со проблематиката, како и специјалисти кои се занимаваат со научно-истражувачка работа поврзана со медицински коноп.

Присутните ги поздравија измените на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции  од февруари 2016 година како добра основа кон овозможување на легалена рамка за употребата на медицинскиот коноп во Македонија и сузбивање на црниот пазар. Но истовремено порачаа дека законот е жива материја и треба да се менува согласно досегашните искуства од спроведувањето и напредокот на научните докази за ефикасност на медицинскиот коноп.


Oглас за ангажирање на консултант за човечки ресурси

Здружение ХОПС - Опции за здрав живот Скопје отвори повик за позиција: Консултант за човечки ресурси.  Како здружение имаме потреба од консултантски услуги во областа на менаџирањето со човечките ресурси и анализа и предлог за нова организациска структура. Ангажманот на консултантското лице би бил на определено време од 15 јули до 30 септември 2017 година. 

Од ангажираниот консултант/тка очекувани резултати:

1.  Анализа на организациска структура и постоечки човечки ресурси.
2.  Анализа на потреби од човечки ресурси согласно организациската стратегија и приоритетите.
3. Предлог структура на човечките ресурси во ХОПС за периодот 2018-2019 година.
4. Препораки за јакнење на капацитети на човечките ресурси на краток и долг рок.

 

Повик за избор на најдобра новинарска статија на тема „Одржливоста и потребата на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Република Македонија“

Поддржи. Не казнувај! Support. Don't Punish. е глобална кампања за застапување која повикува за подобри политики поврзани со дрогите, кои ќе дадат приоритет на јавното здравство и човекови права. Овој ден се одбележува секоја година на 26-ти јуни.

Ова е причината за да почнеме со јавен повик за избор на најдобра новинарска статија на тема:

„Одржливоста и потребата на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Република Македонија“.

Темата ја избравме зошто во Македонија постојат 17 програми за намалување штети од употреба на дроги кои се во ризик од затворање поради тоа што средствата за спроведување на програмите за намалување штети се обезбедени само до јуни 2017 година. 

Исклучително е важно да се обезбедат сигурни домашни извори за опстанок и за одржлив развој на програмите за намалување штети во Република Македонија.

Диазепам

Диазепам (бензодиазепам, валиум) е депресант од класата на бензодиазепини, кој поседува анксиолитичко, антиконвулзивно, седативо и мускулно-релаксантско дејство. Диазепамот е синтетизиран од страна на американскиот хемичар Лео Штернбах (Leo Sternbach), и е еден од најчесто препишуваните лекови во светот од неговото појавување во 1963 година, кој се наоѓа на листата на есенцијални лекови на Светската здравствена организација.

Диазепамот има изразено смирувачко дејство и се користи за лекување на широк спектар на болести и состојби проследени со анксизност, страв, немир, напнатост, несоница, напади на паника како и кај мускулни грчеви, апстиненцијален синдром кај зависност од алкохол и опиоиди и невротски растројства. Диазепамот има брз почеток, висок степен на ефикасност и долготрајно дејство во споредба со некои други бензодиазепини, кои се користат за третман на  акутни епилептични напади и напади на паника.

Диазепамoт има исклучително висок потенцијал за создавање на физичка и психичка зависност. Толеранција на седативно-хипнотичките ефекти се развива во рок од неколку дена при продолжена употреба. При прекин од користење толеранцијата се враќа на основните вредности во рок од 7 до 14 дена. Меѓутоа, во одредени случаи, може да потрае и значително подолго, во зависност од времетраењето и интензитетот на претходната употреба.
 

Дозволете им на луѓето да ги тестираат своите дроги на журки

Фестивалите за да спречат непотребни смртни случаи треба да дозволат луѓето кои одат на журки да ги тестираат дрогите кои ги конзумираат- кажува Кралското друштво за јавно здравје (RSPH).  

Се повикуваат големите музички настани да обезбедат средства за безбедно тестирање. Овој повик доаѓа откако неколку поголеми музички фестивали во Британија, ветиле дека ќе понудат шатори за тестови за дроги прв пат оваа година.

„Недостатокот на информации за тоа што таблетите и правта содржат,  придонесува за неодамнешното зголемување на смртни случаи поврзани со употреба на дрога“, велат од RSPH.

Канцеларијата за национална статистика (ONS)  покажува дека смртните случаи предизвикани од екстази во Велика Британија се зголемиле за седум пати, од осум смртни случаи во 2010 година на 57 во 2015 година.

Програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија

Во Македонија постојат 17 програми за намалување штети од употреба на дроги во речиси сите поголеми градови. Што всушност претставуваат овие програми?

Според Европскиот центар за мониторинг на дрогите и зависностите од дроги, намалувањето штети се дефинира како збир од активности, програми и политики насочени кон намалување на здравствените, социјалните и економските последици од употребата на дроги на индивидуално, локално и општествено ниво.
 
Во 1996 година, во Република Македонија е отворена првата програма за намалување штети (со размена на прибор за инјектирање) и ХИВ превенција меѓу луѓето кои користат дроги. Со поддршката на Глобалниот фонд, од 2004 година се отворија вкупно 17 вакви програми во 14 градови и тие се оценуваат како едни од најдобрите во Централна и во Источна Европа, како и во Централна Азија. Благодарение на овие програми, во последниве десет години, во Македонија се евидентирани само два нови случаи на ХИВ, заразени преку инјектирање дроги.

Се зголемува бројката на смртни случаи во Европа од предозирање

Вкупниот број на смртни случаи со предозирање од дрога во Европа се зголемува за трета година по ред, според извештајот на Европската дрога ЕМЦДДА (2017 година). 8.441 фатални овердоузи, главно поврзани со хероин и други опијати, во 30 земји опфатени во извештајот за 2015 година, а 7.950 во претходната година. 

Зголемување на смртноста се пријавени во речиси сите возрасни групи. Додека смртни случаи од метадон ги надмина смртните случаи поврзани со хероин во Ирска, Франција, Хрватска и Данска. Во извештајот се потенцира за програмите за земи-дома налоксон во девет земји членки на ЕУ плус Норвешка, како и за шест соби за безбедно инјектирање плус Норвешка.

Во извештајот исто така, го привлекува вниманието на растечката закана од страна моќните синтетички опиоиди, и покрај тоа што се “мал удел на пазарот“. Дваесет и пет нови синтетички опиоиди биле откриени во Европа од 2009 година, 18 од нив фенантили.

Португалија ги декриминализираше дрогите уште пред 14 години, а со тоа предозираноста од дроги е реткост

Португалија ја декриминализираше употребата на секоја дрога уште во 2001 година. Канабисот, кокаинот, хероинот, со тоа што поседувањето и употребата на мала количина дрога се смета за јавен здравствен проблем, а не за криминално дело. Дрогите се уште се сметаат за нелегални. Но доколку некој е фатен од полиција, додека во себе нсои дрога, тој или таа се испраќаат до три лица т.е комисијата за одвраќање на зависности од дрога, тие личности се адвокат, лекар, социјален работник. Значи лицето или ќе треба да плати само мала казна или да влезе на третман за лекување, но не и казна затвор и кримнално досие.

Со декриминализација на дрогите, употребата на дрога е намалена  помеѓу 15 и 24-годишниот население, кое било најмногу изложено на ризик од започнување со употреба на дроги. Исто така, има пад на процентот на населението кое некогаш користело дроги. Меѓу возрасните португалци, забележани се само 3 случаеви на предозираност од дрога на милиони жители. Додека пак во споредба со другите земји овие бројки се поголеми. На пример во Холандија забележани се 10,2% на милиони жители, 44,6% во Велика Британија и до 126,8% во Естонија. Додека пак во Европа овие бројки изнесуваат 17,3% на милиони жители.

Како позначајни забелешки од извештајот е дека употребата на “легални дроги” како синтетичка марихуана, “сол за бањање” и слично, е пониска во Португалија отколку во било која друга земја за кои што постојат податоци. Ова создава едно интуитивно чувство, зошто би се мачеле со лажна трева или со опасен креатор на дроги кога може да се добијат вистински дроги. 

СРАМОТА! Вечер на раскажување квир приказни

Во среда 14/06/2017 со почеток во 20 часот, во Кино Култура ќе се случува настанот СРАМОТА! Вечер на раскажување квир приказни, промо-настан за Викендот на гордоста во Скопје.

Таа вечер шестмина раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера ќе ни раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесени во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат морална родова, сексуална и морална полиција и да понижуваат.

Pages