ДЕА смета дека употреба на Kratom е злоупотреба

Федералната влада сака да се забрани дрога, за која веројатно никогаш не сте слушнале: Kratom. Двете главни активни состојки на Kratom се mitragynine и 7-hydroxymitragynine, кои дејствуваат на истите рецептори во мозокот како опиоидите, но моментално не се одобрени како дроги.

ДЕА, рече дека треба да се класифицираат како привремено контролирани супстанции "за да се избегне непосредна опасност за јавната безбедност." Но, и покрај тоа што лекот не е многу добро познат во САД, овој потег на американската Администрација за дрогата (ДЕА) предизвика бес од сегашните корисници на лекот. Забраната за Kratom би започнала на 30 септември.

Портпаролот на ДЕА, Мелвин Петерсон во Вашингтон пост, вели дека сака да ја чуе Kratom заедница и ќе се труди да биде достапна за сите нив, што е многу опозитно за она што преходно го објавија, забрана на истата, а потоа ветување дека ќе е на располагање на секој кој има потреба од истата.

Повик до жените на ОН да ги вклучат сексуалните работници во развивањето на политиките за сексуалната работа

Глобалната мрежа NSWP составена од 263 сексуални работници со организации од 78 земји низ целиот свет, испратија повик до жените на ОН, да ги вклучат сексуалните работници во развивањето на политиките за сексуалната работа.

Заедничката програма на УНАИДС за СИДА, од кои жените од ОН се ко-спонзор, веќе имаат политики за сексуалната работа кои се основани врз основа на договорите за човекови права на ОН, и која била развиена по значаен процес на консултација со сексуалните работници и другите засегнати страни.

NSWP добил покана од жените на ОН да учествуваат во формална е-консултација на 7 септември 2016 година. Таквиот процес е поволен само за оние со привилегија како достапност на интернет и ќе ги исклучи поголемиот дел од сексуалните работници во глобалниот југ кои имаат ограничен пристап до интернет; од кои повеќето не се образувани во колонијалистички јазици на Обединетите Нации и не се запознаени со договорите и документите кои го водат жените од ОН.

Општина Гостивар едногласно ја усвои ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД ХИВ

Гостивар, 20.09.2016: На триесет и втората седница Советот на Општина Гостивар едногласно ја усвои „ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД ХИВ НА ОПШТИНА ГОСТИВАР ЗА ПЕРИОДОТ ОД 2016 до 2020 ГОДИНА“, со Aкциски план за период од 2016-2017 год.

Локалната стратегијата е изготвена во рамките на ЕУ ИПА проектот “Превенција од ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области” во програмата за Прекугранична соработка Косово - Македонија.

Изготвувањето на стратегијата траеше шест месеци и беше воден од страна на здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје со поддршка од локалната партнерска организација ХЕЛП Гостивар.

Процесот започна во септември 2015, со Обука за стратешко планирање, на која беше формирана работна група. По обуката, во период од септември 2015 до февруари 2016, следуваа координативни состаноци за изработка на стратегијата. Работната група беше составена од претставници на: Општина Гостивар, Центарот за јавно здравје, Инфективното одделение при Општата болница, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Полициската станица од Гостивар,   како и од локални граѓански организации кои работат со маргинализирани заедници.

По изготвувањето на Предлог документот следуваше Јавна дебата за расправа по однос на Локалната стратегија и Акцискиот план на која присуствуваа претставници од општината како и советниците на истата.

Во рамките на овој проект во очекување е усвојување на уште две локални стратегии за заштита од ХИВ за Општина Куманово и Општина Тетово.

Поддршка за децата кои употребуваат дроги

Од секогаш сум имала чувство дека кај нас на повеќето луѓе им било полесно да се приспособат на некои одлуки кои ги наметнува општеството, отколку да се борат за промени.

Кога почнав да работам како теренски работник во ХОПС со деца кои користат дрога бев во шок. Во голема мера поради тоа што немав претстава дека деца од 4 години почнуваат да вдишуваат лепак и дека деца од 8 или 9 години можат да се најдат во состојба да инјектираат метадон и дијазепам. Но, најмногу ме шокираше тоа што не постои можност за лекување и ресоцијализација на овие деца. Затоа и ја сакам оваа работа. Среќна сум што им помагаме на децата кои употребуваат дроги. Барем колку што ни дозволуваат законските рамки. А тие се прилично крути кон овие деца.

Најголем број деца со кои контактираме како теренски тим се деца на улица. Тоа е така затоа што тие деца се видливи и ги забележуваме како се движат низ градските улици и како питачат. Она што досега го имам забележано кај нив е тоа дека се плашат од професионали кадри, од институции и од полиција, а најмногу ме боли тоа што се плашат од социјалните работници. Затоа често се прашувам дали и како нашиот систем потфрлил со работа и грижа за овие деца. На почетокот се плашеа и од нашиот тим. Им беше страв дека ќе ги земеме и однесеме во детски дом, а со тоа ќе ги разделиме од нивните родители. Секако, повеќето од нив се сместени во детски домови, но и покрај тоа секојдневно ги наоѓаме на улица како вдишуваат лепак, инјектираат метадон и питачат. И никако не можам да разберам како е можно повеќето од овие деца никој да не ги бара, никој да не се грижи за тоа каде се и што прават. Постои ли нешто што би можело да ги мотивира да останат во детските домови и да го продолжат нивното образование?

Конференцијата на Глобален фонд со голема поддршка

Заврши Петтата конференција на Глобалниот фонд, за прибирање на финансиски средствa за борба против СИДА, туберкулоза и маларија во Монтреал, Канада, каде претставник од Македонија беше Христијан Јанкулоски, кој е член на бордот на Глобален Фонд. На самата конференција се ветија над 13 милијарди долари за следните три години. Со тоа се покажува глобалната посветеност кон ставање крај на епидемијата на СИДА, туберкулоза и маларија засекогаш.

Домаќин на конференцијата беше премиерот Џастин Трудо, кој истакна дека вклученоста на младите е клуч за успех во глобалното здравје, а воедно повика да им се помогне на најсиромашните жени и деца. Конференцијата ги поздрави значително зголемените ветувања од неколку донатори. Канада го зголеми својот придонес за 23 отсто, додека многу нови партнери ветија дека ќе донираат за прв пат, исто така ветувањата од приватниот сектор се двојно зголемени.

Канада одобри хероин на рецепт

Канадската влада тивко одобри нови прописи за регулација на дроги, кои ќе им овозможи на лекарите да препишуваат фармацевтски квалитетен хероин за лекување на тешки зависници кои не одговораат на повеќе конвенционални пристапи.

Овој потег значи дека Crosstown, иновативна клиника во Ванкувер, ќе биде во можност да ја прошири својата специјална хероин програма за одржување, во кој зависниците ќе доаѓаат до три пати на ден за да ги добијат пропишаните инјекции, за легално добиениот хероин од страна на медицинска сестра.

Оваа програма ја има само во Канада и САД, но по приодот е слична како во осум европски земји. Овој потег на премиерот Џастин Трудо е уште еден чекор обратен од политиката на претходната влада, предводена од конзервативците. Овие политики ќе имаат помалку драконски пристап во борбата против зависноста и злоупотребата на дроги.

YODA работилница во Антверпен

Од 1-4 септември 2016 година во Антверпен  се одржа  работилница за луѓе кои работат со млади луѓе кои користат дроги и прашања поврзани со оваа тема, како што се бездомништвото и социјални услуги.

Домаќин на оваа средба беше Free Clinic, која се наоѓа во Антверпен, од 1970 година и специјалистичкиот центар Plug-INN, фокусиран исклучиво на лица кои користат дроги под 26 години. Free Clinic и Plug-INN обезбедуваат спектар на услуги, од размена на стерилни игли до медицинска, социјална помош и опиоидна супституциона терапија.

Социјалните работници од ХОПС Дарко Велески, Ивана Шалевска и Катерина Гогова беа дел од оваа дводневна обука. На првиот ден на работилницата учесниците се запознаени со дејноста на клиниката и Plug-ан во Белгија, сегашната ситуација со дроги во Белгија и Антверпен, законите за дрога и предизвиците со кои се соочуваат во нивната секојдневната работа.

Средбата на магионичарот и децата

Ова е приказна за успехот на еден магионичар кој ги разбранува детските срца! Секако, кога текстов би бил филм, сигурно на почетокот ќе стоеше наслов „се работи за вистинска приказна“. Затоа ова е приказна за детската радост!

Можеби некому му изгледа необично кога наместо Дедо Мраз новогодишните пакетчиња ги дели магионичар, но ние не би биле тоа што сме ако не направиме нешто поразлично. Нема човек кој не ужива во добри трикови. Илузионистичките трикови предизвикуваат возбуда, насмевка и воодушевување кај целата публика. Па, можеби оттука произлегува и желбата на повеќето дечиња кога ќе пораснат да бидат магионичари или пак некогаш во животот одблиску да го видат волшебникот кој прави неверојатни работи. Всушност, тоа се и скриените желби на децата, невозможните работи да ги направат возможни, односно лошите работи да ги направат убави, да го направат светот да биде исполнет со радост, а солзите да ги преточат во насмевки.

Искрената желба на децата да живеат во светот на бајките или пак приближно да им го доловиме нивниот замислен свет е наша мисија која низ работните години гледаме успешно да ја оствариме со децата чии родители се корисници на дрога.

Понекогаш и малите нешта можат да придонесат за голема насмевка. Еден ден на вратата на нашиот Центар за ресоцијализација и рехабилитација се појави човекот кој донесе голема среќа и воодушевување кај овие дечиња – тоа беше магионичарот. Средбата на децата со магионичарот е нешто што секој од нас би посакал да го доживее! Средба исполнета со преголема радост во детските очиња, широка насмевка на нивните лица, срца исполнети со многу емоции, разиграни мисли кои го прават детскиот свет реалност! Зарем ова не е најубавиот подарок што може да си го посака секој од нас?

Сексуалните работници зборат, кој ги слуша?

Сексуалната индустрија од целиот свет е поврзана со сериозни облици на маргинализација, насилство, експлоатација, па дури и принудна работа. Медиуми, истражувања раскажуваат приказни за сексуалните работници како се злоупотребени, експлоатирани и станале жртви на трговија со луѓе. Тие го прават тоа толку често, што луѓето стануваат речиси рамнодушни кон овие информации.

Родови, расистички, хомофобични трансфобични насилства го прогонува светот на сексуалната работа. Многу од сексуалните работници сметаат дека државите, меѓувладини организации и невладините организации треба да поработат на моментот со насилствата врз нив многу повеќе иако досега е направено многу во врска со секусалната работа. Проблемот е во ефикасноста на овие интервенции.

5-та конференција на Глобалниот фонд

Премиерот Џастин Трудо, ги повика светските лидери и меѓународните чинители да се вклучат на  5тата конференцијата за прибирање на финансиски средства за Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија во Монтреал, Канада, на Септември 16-17, 2016 година каде претставник од Македонија ќе биде Христијан Јанкулоски кој е член на бордот на Глобален Фонд, претставувајќи ги граѓанските организации од земјите во развој.

Pages